Добредојдовте во Центар за дојка, водечки радиолошки центар специјализиран за дијагностика на заболувања на дојката. Основан во 2011 година, а веќе речиси две децении сме посветени на обезбедување врвна дијагностика, во средина исполнета со грижа, разбирање и поддршка.
Нашата приказна почна со јасна мисија, навремена дијагностика, превенција и поддршка за женското здравје. Денес, Центар за дојка е здравствена установа каде што стручното знаење, современата технологија и човечниот пристап се обединети во една цел: здравјето на пациентите.
Специјализирани сме за превентивни и дијагностички прегледи на дојките (ехо, мамографија и мамографска томосинтеза), како и за ехо на тироидната жлезда, но и за сите видови биопсии на дојки, со цел рано откривање на промените и навремена реакција.
Ехо на дојка
Безболна, безбедна и прецизна метода за рано откривање промени во градите.
Мамографија
Златен стандард во скринингот за рак на дојка кај жени над 40 години.
Ехо на тироидна жлезда
Брза и ефикасна проценка на структурата и евентуалните промени во жлездата.
За нас
Од 2011 година, ние сме посветени на една идеја – дека превенцијата спасува животи. Нашиот Центар прерасна во доверливо место каде пациентите добиваат професионална нега, внимание и сигурност.
Нашата работа се темели на современи медицински стандарди, но и на топол пристап кон секоја жена што влегува во нашиот простор.
Нашата мисија
Во Центар за дојка, нашата мисија е да обезбедиме врвни дијагностички услуги, за жени од сите возрасти. Раното откривање и брзата интервенција се клучни за ефикасно лекување на болести на дојките. Затоа, сме фокусирани на прецизност, брзина и достапност во сите аспекти на нашата услуга.
Нашата експертиза
Нашиот тим го сочинуваат искусни доктори, специјалисти по радиодијагностика и радиолошки технолози. А, во секојдневната работа применуваме современи дијагностички методи, со цел да обезбедиме сигурни, точни и прецизни резултати.
Грижете се за себе
Редовните прегледи на дојките во специјализиран дијагностички центар како Центар за дојка, имаат суштинско значење за навремено откривање на можни промени и заболувања, вклучително и рак на дојка. Со рано откривање, значително се зголемуваат можностите за успешно лекување и закрепнување, што придонесува за подобро здравје и сигурност, за вас и вашите најблиски.
Безбедноста на пациентите и квалитетната грижа се наши главни приоритети. Центар за дојка, работи според сите светски стандарди и препораки за обезбедување на квалитетен и точен преглед. Одржуваме високо ниво на хигиена, обезбедувајќи безбедна и чиста средина за сите наши пациенти.
Покрај мамографијата и ехо-прегледите, нудиме сеопфатен пристап во грижата за пациентите, кој опфаќа не само дијагностички процедури, туку и психолошка поддршка во текот на целиот процес.