Мамографија и превенција: Што треба да знаеме за здравјето на дојките?

Во емисијата „Добриот доктор“ на Сител телевизија, д-р Маја Стојановиќ Чрчева, специјалист по радиодијагностика, говори за значењето на мамографијата во навременото откривање на промените на дојките.

Таа објаснува кога се препорачува мамографски преглед, што може да покаже мамографијата, кои се нејзините придобивки и предизвици, како и зошто редовните прегледи и превенцијата имаат важна улога во грижата за здравјето на дојките.

Погледнете го интервјуто и дознајте повеќе од стручни информации за мамографијата, превенцијата и навременото откривање на ракот на дојката.