Превенција и услуги

Ехо на дојка

безболна, безбедна и прецизна метода за рано откривање промени во градите која е основен метод на избор кај помладите пациентки, кај бремени и доилки. Кај повозрасните пациентки е корисна алатка за надополнување на мамографскиот преглед.

Мамографија

златен стандард во скринингот за рак на дојка кај жени над 40 години, основен дијагностички метод за откривање на мали непалпабилни промени.

Ехо на тироидна жлезда

овозможува брза и ефикасна проценка на евентуалните промени во морфологијата и структурата на жлездата.

СОВЕТ

Најдобрата превенција е редовната контрола.

 Препорачуваме ехо-преглед на дојките еднаш годишно, а мамографија во интервал од 1 до 2 години, во зависност од возраста, индивидуалниот ризик или согласно препорака од лекар.