Првата мамографија се препорачува на возраст од 40 години, доколку нема други ризик-фактори. Жените со семејна историја на рак на дојка треба да направат прв преглед и порано – по препорака на лекар.
Мамографијата е најефикасен метод за рано откривање на промени во структурата на дојката, дури и пред тие да станат видливи или опипливи.
Редовните контроли, еднаш годишно или на секои две години, значително го зголемуваат успехот на третманот доколку се открие заболување во рана фаза.