Од 2011 година, ние сме посветени на една идеја – дека превенцијата спасува животи. Нашиот Центар прерасна во доверливо место каде пациентите добиваат професионална нега, внимание и сигурност. Нашата работа се темели на современи медицински стандарди, но и на топол пристап кон секоја жена што влегува во нашиот простор.
Нашата мисија
Во Центар за дојка, нашата мисија е да обезбедиме врвни дијагностички услуги, за жени од сите возрасти. Раното откривање и брзата интервенција се клучни за ефикасно лекување на болестите на дојка. Затоа, се фокусираме на прецизност, брзина и достапност во сите аспекти на нашата услуга.
Нашата експертиза
Нашиот тим е составен од врвни доктори, специјалисти по радиодијагностика и радиолошки технолози. Во секојдневната пракса користиме современи дијагностички методи од нашата област за да обезбедиме најточни и најсигурни резултати.
Безбедноста на пациентите и квалитетната грижа се наши главни приоритети. Нашиот Центар работи според сите светски стандарди и препораки за обезбедување на квалитетен преглед. Одржуваме високо ниво на хигиена, обезбедувајќи безбедна и чиста средина за сите наши пациенти.
Покрај мамографијата и ехо-прегледите, нудиме сеопфатен пристап во грижата за пациентите, кој опфаќа не само дијагностички процедури, туку и психолошка поддршка низ целиот процес.